EРРЕКА – ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ ЗА АВТОМАТСКА КЛИЗНА ВРАТА

Составено по ваша мера

Со автоматската клизна врата произведувачот ERREKA ви овозможува вашиот објект да изгледа совршено. Вратата може да се прилагоди на било која инсталација, што овозможува во вашата просторија да може да се примени лесна, непречена монтажа, без оглед на вашите барања.

CAD – Планирање на вашиот проект

За да може да им помогнеме на архитектите за правилен избор на врата, настојуваме да овозможиме точни информации за сите наши производи во CAD форма, така што ќе можете да ги примените и во понатамошното планирање. Истовремено со дизајнирањето на влезот во зградата за да можат да се задоволат потребите на потрошувачите, архитектите играат важна улога во спецификацијата и изборот на практично, добро осмислени сигурносни решенија. Нашата цел е да им помогнеме на нашите партнери да пронајдат решенија за влезови кои ефикасно ќе ги спојат потребите на клиентите со нивните сопствени дизајнерски желби.

 

Примена

Новата генерација на автоматската клизна врата на ERREKA направена е за густ пешачки сообрајќај, како во големите (супер маркети, хотели, аеродроми, болници), така и во малите и средните згради/објекти (канцеларии, апотеки, пошти, банки, ресторани). Најважна карактеристика на нашите Системи за клизни врати е нивното тивко движење при отворањето и затворањето на вратата, плус стабилност при брзо инсталирање.

Листата со некој од нашите клиенти можете да ја видите на линкот ЗА НАС

Доколку имате дополнителни прашања слободно можете да нè контактирате.

ЕРРЕКА ГАРАЖНА ВРАТА – СИГУРНОСТА И КВАЛИТЕТОТ НА ПРВО МЕСТО

Erreka е еден од лидерите за производство и инсталација на гаражни врати. Erreka моторите за гаражни врати претставуваат практично решение и автоматизација, како за вашите приватни, така и за заедничките станарски гаражи, работните простории или објекти за други потреби.

Сигурноста и квалитетот на прво место

Гаражната врата ја движат мотори со високи перформанси. Сето тоа прави вашиот објект и тоа што е во него да остане заштитено од надворешните влијанија и потенцијалните кражби.

Гаражните врати ги делиме по начинот на отворање. И тоа:
МОТОРИ И СОСТАВНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ГАРАЖНИ ВРАТИ
MОТОРИ ЗА СЕГМЕНТНА ГАРАЖНА И ИНДУСТРИСКА ВРАТА
MOTOРИ ЗА ХАРМОНИКА ГАРАЖНА ВРАТА
MOTOРИ ЗА ГАРАЖНА РОЛО ВРАТА

Нашите производи ги задоволуваат сите естетски стандарди на Вашите објекти. Во асортиманот на Erreka можe да најдете врати за гаражи кои ќе се вклопат со вашата фасада и целата надворешност. Доколку одлучите да го опремите вашиот објект со наша гаражна врата, на располагање имате целосна техничка поддршка од нашиот стручен тим, совети и неопходен сервис во секој момент.

Погледнете некои од нашите гаражни врати фотографирани после или за време на инсталацијата:

Пристапната цена на гаражни врати и мотори за гаражни врати од нашата понуда ќе Ви овозможи квалитетен производ, а со редовно одржување Вашата гаража ќе биде безбедна долги години.

Доколку ги нарачате нашите гаражни врати, цената особено ќе Ве изненади бидејќи е исклучително оптимална во споредба со квалитетот што го нудат производите на Erreka!

Нашиот тим ви стои на располагање за какви било прашања. Доволно е да испратете барање и ние ќе ви одговориме со информациите што ви се потребни. Можете да не контактирате и телефонски на 022 2100 615

РОЛО ГАРАЖНА ВРАТА И СЕГМЕНТНА ГАРАЖНА ВРАТА – ПРЕДНОСТИ И РАЗЛИКИ. КОЈА ДА ЈА ОДБЕРЕТЕ?

Сигурноста е нашиот приоритет

Безбедноста на објектот е главниот приоритет на кој посебно даваме големо внимание. При одбирањето на гаражната врата, стручно лице треба да обрати внимание на предностите пред инсталирање на вратата.

При одбирањето на гаражна врата која ви нуди голема сигурност,често се земаат во предвид Роло гаражна врата и Сегментна гаражна врата.

Во понатамошниот текст можете да дознаете повеќе за роло и сегментна гаражна врата што вам ќе ви помогне при изборот.

Предноста на роло гаражната врата

Предностите на роло гаражните врати многу зависат од избраниот модел, сепак таа нуди висок степен на сигурност и дизајнирана е за честа (фрекфентна) употреба. Роло вратата е погодна за објекти и зони со многу сообрајќај, а исто така нуди и висок степен на сигурност и кога не е во употреба.

Роло гаражната врата претставува совршено решение за автоматизација на гаражната врата или магацински простор, и притоа не одзема многу од просторот. Тоа ги прави идеални и за помал простор.

Цел систем на роло вратата е сместен над вратата што овозможува порационално искористен простор како внатре така и надвор од гаражата.

Важни карактеристики:

  • Правени се по највисок стандард што ги прави доста отпорни на абење
  • Сигурни и отпорни на потенцијална провала
  • Погодна за фрекфентен сообрајќај
  • Намалена бучава при работа

Погледајте ги нашите мотори за Роло гаражна врата

Предности на сегментна гаражна врата

Сегментната гаражна врата е доста слична со роло вратата. Се отвора на горниот дел од главата, а дизајнирана е така да одговара за помал простор.

Сегментните гаражни врати ни нудат висок степен на сигурност и отпорност на временските прилики. Сегментните врати после инсталацијата заптиваат, па така се погодни за простори каде е потребно да се регулира внатрешната температура, што ги прави погодни за такви простории.

Вратите се погодни за куќни гаражи, дистрибутивни складишта, простории со возила за итни случаи и друго.

Важни карактеристики:

  • Погодни за објекти со ограничен простор
  • Можност за дополнителни отвори за дополнителна светлина
  • Поседуваат одлични термички карактеристики
  • Високо ниво на сигурност

Погледајте ги нашите мотори за Сегментна гаражна и индустриска врата.

Нашиот тим ви стои на располагање за сите прашања. Доволно е да ни пратите барање, а ние ќе ви се јавиме да ве известиме за информацијата што ви е потребна. Можите да нè контактирате на телефонскиот број 022 2100 615.